Откриена причината за смртта на младата порно-ѕвезда: Со денови ја малтретирале на социјалните мрежи поради овој пост

Точка

07/12/2017

16:38

12.463

Големина на фонт

а а а

Аугуст Ејмс, порно ѕвезда која била пронајдена мртва во својот дом во Калифорнија на 23 години, извршила самоубиство.

Ѕвездата од филмовите за возрасни, чие вистинско име е Мерцедес Грабовски, била пронајдена мртва во вторникот, на 5-ти декември, откако на социјалните мрежи била малтретирана и прогласена за хомофоб, поради тоа што одбила да снима порно филм со актер кој претходно се појавил во геј порно филм. 


Нејзиниот сопруг Кевин Мур, рекол дека Аугуст била најдобрата личност што ја познавал.

"Беше најљубезна личност која ја познавав. Беше целиот мој свет", рекол тој и додал дека не би сакал луѓето да "ѕиркаат" во оваа приватна, семејна ситуација во ова тешко време.


Нејзиниот брат Џејмс Грабовски, исто така и оддал почит на својата сестра и навел дека била малтретирана на социјалните мрежи некое време пред смртта.


"Психичкото малтретирање не треба да се сфати како шега", рекол тој.


"Тоа и го одзема животот на мојата сестра и не можам да ја вратам. Оваа болка што ја чувствувам поради тоа што некои луѓе не можат да си го задржат мислењето за себе е неподнослива", рекол тој.


Аугуст на Твитер јавно признала дека одбила да снима секс сцена со актер кој имал секс со други мажи.

"Која актерка и да ме менува, ќе работи со човек кој снимал секс сцени со мажи, само да знае. Дали агентите навистина не се грижат за тоа кого претставуваат?", напишала Аугуст на 3-ти декември на Твитер, по што дошла лавината негативни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг