Груевски: Не сум нарачал шамари, ме судат за неколку скршени прозорци

Макфакс

07/12/2017

14:17

2.429

Големина на фонт

а а а

„Денеска уште еднаш имавме судење од политички прогон. Одиме на судење поради протест каде се скршени неколку прозори. Ние имавме ситуации од „Шарената револуција“ каде ја запалија канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов во станбена зграда. Жерновски е политички противник и ова е политичко судење“, рече поранешниот премиер Никола Груевски на судењето на насилствата во Центар.

На прашањето дека во снимките има нарачка на шамари, Груевски рече дека ниту нарачал, ниту имало такво нешто, туку дека се обвинети за протест каде имало неколку скршени прозорци.

Груевски е обвинет за насилство каде е предвидена казна од 3 месеци до 5 години.На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот, Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во 2013 година.

Фатиме Фетаи: Адвокатите ја одолговлекуваат постапката, Груевски е обвинет за насилство

Специјалната јавна обивнителка Фатиме Фетаи, по завршувањето на главното рочише од случајот „Шамари“, изјави дека е задоволна од исходот на рочиштето со оглед дека конечно започнала главната расправа.

„Позитивно е што одиме со изведување на доказите. Наредното судење ќе имаме вкрстено испрашување. Однесувањето на адвокатите на одбраната, кои ја одолговлекуваат постапката го оценува судот. Груевски е обвинет за кривично дело насилство за кое е предвидена казна од три месеци до пет години“, рече Фетаи.

Таа додаде дека во обвинителниот акт многу јасно и детално пишувало за што се сомничи експремиерот Никола Груевски. Наредното рочиште е закажано за 18 декември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг