Pokemon Go ќе се прилагодува на реалните временски услови...

Точка

07/12/2017

14:07

643

Големина на фонт

а а а

Креаторите на популарната игра Pokemon Go најавија голем број на промени кои што ќе им овозможат на корисниците поголема забава.

Од компанијата "Niantic" најавија дека фановите на Pokemon Go треба да очекуваат бројни промени на играта, а најголемата новост е што играта ќе се прилагодува на реалните временски услови. Покрај тоа, заедно со временските услови, ќе бидат прилагодени и Покемоните.

Челниците на компанијата, Архит Баргава и Мет Слемон новиот систем го нарекоа „динамично време“, а ќе работи на принциот, ако на пример во реалното опкружување во кое што се наоѓа корисникот паѓа дожд, тогаш и на играта ќе паѓа дожд и ќе бидат достапни повеќе „водени“ Покемони.


„Ако паѓа снег, можеби ќе ги видите снежните Покемони. Тоа ќе влијае и на Покемоните од претходните генерации, а не само на новите“, објаснија челниците на компанијата "Niantic".

Исто така, од таму нагласија дека мапата ќе се менува во согласност со моменталното време, односно нема повеќе небото да биде само сино, а полињата зелени. Покемоните, според најавите кога ќе биде времето непогодно, ќе прават повеќе „глупости“ од вообичаено.

Првите луѓе на "Niantic" најавија дека ќе има пет различни типови на време, а тие ќе зависат од ветрот, снегот, дождот, сончевото и „магичното“ време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг