Обвинетите за 27 април се во депресија

Макфакс

07/12/2017

12:52

304

Големина на фонт

а а а

Обвинителот Момир Маричиќ од Вишо јавно обвинителството на седница на Апелациониот суд во Скопје побара да остане мерката притвор за Борис Дамовски. Вели дека само на тој начин ќе се осигура неговото присуство во постапката. „Дамовски е еден од главните обвинети во овој предмет“, рече Маричиќ.

„Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот.

Адвокатот Миле Петровски, кој го брани Дамовски, побара да му се укине притворот бидејќи, како што рече, се јавил уредно во полициската станица и бил дома кога бил направен претресот.

Апелациониот суд на јавни седници ќе расправа по жалбите на петтемина обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг