Улична војна во Витлеем, протести во Газа, штрајк во Ерусалим! Палестинците ги напаѓаат силите за ред, летаат камења и бакљи

Точка

07/12/2017

13:43

8.529

Големина на фонт

а а а

На повик на терористичката организација Хамас, Палестинците излегле на улиците на градовите и со насилство одговориле на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим за престолнина на Израел.

Моментално најлошо е во Витлеем, каде се води вистинска улична војна. 

Палестинците ги гаѓаат израелските безбедносни сили со камења, бакљи, стапови и сè што ќе им дојде при рака, но палат и гуми на улиците. Специјалната полиција одговорила со солзавец, но демонстрантите само на кратко се смириле.

Во Ерусалим Палестинците започнале генерален штрајк. Арапските земји, една по една, ја осудуваат одлуката на Трамп.

Протести има и во Газа, но и во останатите палестински градови. Политичкиот лидер на терористичкиот Хамас утре повикал на почеток на ново крваво востание против Израел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг