Најпознатиот шведски весник ја отпиша Хрватска од ЕУ

Макфакс

07/12/2017

11:16

659

Големина на фонт

а а а

Водечкиoт шведскиот дневен весник Афтонбладет објави жестока колумна која се противи на глорифицирањето на осудениот воен злосторник, генералот Слободан Праљак во Хрватска.

Текстот потпишан од страна на Питер Кадамар, еден од најпознатите шведски новинари и автор на книги за Сребреница. Афтонбладет е еден од најпопуларните дневни весници во Скандинавија, кој секој ден има околу три и пол милиони читатели.

Кадамар пишува дека со славењето на Праљак, кој се отру при изрекувањето на пресудата во Хаг, Хрватска им „плукнала в лице“ на ЕУ и Шведска, додека од друга страна и натаму ги сака европските пари.

„Може да се рече дека неговото јавно самоубиство е продолжување на политиката на нихилизам и уништување што ја карактеризираше војната во Босна и Херцеговина“, објави Афтонбладет.

Весникот потсетува дека со хашката пресуда е утврдено оти Праљак и остатанатите од шесторката од Херцеговина се осудени за „голем број злосторства: протерување на цивили, затворање на луѓе по логори, убиства и уништување на имот, користење на затвореници за работа и како човечки штит и етничко чистење на муслиманското население“.

„Ова се случува во земја која е членка на ЕУ, во средиштето на нашата цивилизирана демократска заедница. Срамно. Култот на мртвиот убиец покажува застрашувачки недостаток на демократски инстинкт“, пишува колумнистот на Афтонбладет и додава: „Тажно е што на земја како Хрватска и е допуштено да биде членка на ЕУ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг