Разрешена мистеријата со дрвените бродови со скелети: Со денови пристигнуваат на јапонскиот брег, еве од каде

Точка

07/12/2017

10:51

3.117

Големина на фонт

а а а

Четири брода преполни со скелети допловиле до западниот брег на Јапонија во текот на минатиот месец, од кои последниот допловил пред неколку дена.

Додека властите и натаму се обидуваат да го откријат идентитетот на телата, бројни знаци покажуваат дека станува збор за бродови од Северна Кореја. 

##https://twitter.com/NorthKorea_Newz/status/937669105649356800##

Веќе четврти пат во еден месец бродови од Северна Кореја завршиле на територијата на Јапонија. Прв пат тоа се случило на 15-ти ноември, кога крајбрежната стража на Јапонија спасила тројца Севернокорејци и пронашла уште тројца мртви. Сите биле вратени назад.

Два дена подоцна, четири трупа биле пронајдени на уште еден брод кој допловил до Јапонија.

Една недела подоцна, осум Севернокорејци биле спасени, а неколку дена подоцна осуммина биле пронајдени мртви - сите на истиот дел од брегот, сите во слични севернокорејски бродови.

Се верува дека, како и останатите пронајдени во последниот месец, и овој брод со тела дошол од Северна Кореја. Наводно, откако Ким Јонг Ун одлучил да ја прошири риболовната индустрија, за да може дополнително да ја финансира војската, за оваа работа "регрутирал" луѓе кои не се посебно обучени. Покрај недостигот на знаење, новопечените рибари користеле и стари, неодржувани воени бродови.

Речиси сите преживеани рибари рекле дека силно невреме им ги уништило бродовите, поради што завршиле на брегот на Јапонија, но јапонските власти ја отфрлиле можноста за илегално мигрирање на овие рибари во Јапонија, со оглед на тоа дека сите замолиле да се вратат назад во Северна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг