Западните земји сложно: Нема да има нормализација на односите со Русија

Точка

07/12/2017

11:09

992

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон на самитот на НАТО Алијансата во Брисел порача дека нема да има нормализација на односите со Русија.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон порача од белгиската престолнина Брисел, за време на состанокот на НАТО министрите за надворешни работи, дека Западните сојузници се сложни околу една работа - нема да има нормализација на односите со Русија.

„Имавме многу дискусии за време на овој состанок на НАТО Алијансата, вклучувајќи го и прашањето околу тоа кој е исправен став на соочување со Русија. Верувам дека постои широк консензус меѓу сите земји членки на НАТО Алијансата дека нема да има нормализација на односите со Русија преку дијалог денес“, изјави Рекс Тилерсон.


Кога станува збор за Тилерсон, тој можеби нема уште долго да биде на функцијата државен секретар на Соединетите Американски Држави. Во изминативе неколку месеци, се повеќе извори сугерираат дека Трамп наскоро ќе го разреши од должноста поради бројни несогласувања.

Поради тоа, аналитичарите сметаат дека еден таков потег би можел да го зајакне американскиот милитаризам во надворешната политика, затоа што Тилерсон досега заговараше дијалог во некои домени каде што Трамп споменуваше војна, посебно кога станува збор за Северна Кореја.

Аналитичарите сметаат дека самата промена на американскиот државен секретар може да влијае на целата ситуација на Корејскиот полуостров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг