Светот на нозе после одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел: Лидерите на западните, но и на муслиманските земји загрижени...

Точка

07/12/2017

09:44

1.791

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка Тереза Меј не се согласува со одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, затоа што смета дека таквата одлука на американскиот претседател нема да придонесе за мирот во регионот.

„Не се согласуваме со одлуката на САД да ја префрли својата амбасада и да го признае Ерусалим како престолнина на израел. Веруваме дека тоа не може да придонесе за постигнување на мир во регионот“, соопшти портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека нема алтернатива за дводржавно решение помеѓу Израел и Палестина и дека Ерусалим е прашање кое што треба да биде решено во директни преговори за конечниот статус.


„Отсекогаш сум бил против било какви унилатерални мерки кои што ќе ги загрозат шансите за мир меѓу Израелците и Палестинците“, изјави Гутереш после одлуката на Доналд Трамп.

Исто така, се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон кој вели дека Франција не ја поддржува „унилатералната“ одлука на Доналд Трамп и повика на смирување на ситуацијата ширум регионот: „Тоа е одлука за жалење. Франција не одобрува одлука која што оди против меѓународното право и сите резолуции на Советот за безбедност на ОН“.


И Европската унија изрази сериозна загриженост, наведувајќи дека одлуката на Трамп би можела да има реперкусии по мировната перспектива во регионот: „Аспирациите на двете страни мора да бидат исполнети и мора да се најде начин преку преговори да се реши статусот на Ерусалим како идна престолнина на двете држави“, порача шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Големо незадоволство владее и кај лидерите на земјите со мнозинско муслиманско население кои што не ја одобруваат одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да ја премести таму амбасадата на САД.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу ја осуди одлуката на Доналд Трамп, наведувајќи дека таквата одлука ќе ја поремети стабилноста во регионот и дека е во спротивност со меѓународните договори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг