Американските бомбардери го прелетале корејскиот полуостров: Трамп го тестира Ким Јонг Ун

Точка

06/12/2017

18:31

2.908

Големина на фонт

а а а

Здружениот генералштаб на јужнокорејските вооружени воени сили соопштил денес дека американските суперсонични бомбардери "B-1B", чија база е на Гвам, симулирал удари на копно во близина на јужнокорејскиот источен брег.

Американскиот бомбардер прелетал денес над Корејскиот полуостров во рамките на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, во кои учествуваат стотина авиони, што е јасно предупредување откако Северна Кореја минатата седмица ја тестирала својата досега најголема и најмоќна ракета. 

Здружениот генералштаб на јужнокорејските воени сили соопштил денес дека американските суперсонични бомбардери "B-1B", чија база е на Гвам, симулирал удари на копно во близина на јужнокорејскиот источен брег во текот на вежбите со борбените авиони на САД и Јужна Кореја, пренесува AP.

"Во текот на воените вежби, јужнокорејските и американските воздухопловни сили покажаа цврста намера и способност да ја казнат Северна Кореја откако таа земја се закани со нуклеарно оружје и ракети", се наведува во соопштението.

Прелетувањето на авионот тип "B-1B" станале вообичаен облик за покажување на сила против Северна Кореја, која минатите три тестови на интерконтинентални балистички ракети, направила јасен чекор напред во изградбата на нуклеарен арсенал кој може да го загрози копното на САД, нагласува американската агенција.

Во петдневните вежби, кои започнале во понеделникот, учествуваат повеќе од 200 авиони, меѓу кои и шест американски "F-12" и 18 невидливи ловци "F-35".



Спонзорирани линкови

Маркетинг