На Балканот се вратиле 300 терористи

Точка

06/12/2017

14:22

1.753

Големина на фонт

а а а

Официјалните проценки на безбедносните служби на ЕУ и земјите од Западен Балкан покажуваат дека, од појавувањето на ИСИС, на Блискиот исток отишле да војуваат околу илјада луѓе од овие простори.

Дел од нив загинале во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите матични земји, јавува "Гласот на Славонија"

Се проценува дека од вкупниот број се вратиле 300 терористи. Остатокот се жените и децата кои борците ги повеле со себе во војна. 

Главниот секретар на Советот за регионална соработка - RCC, Горан Свилановиќ, на втората регионална конференција за борбата против тероризмот, рекол дека главна причина за радикализацијата се економските и социјалните проблеми. Исто така, проблем е и пропагандата. 


"Тероризмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се препознае и да се разбере за да биде победен. Потребно е рано соочување со предизвиците, потребна е активна поддршка од владите на земјите од регионот, но и финансиска поддршка од ЕУ. Претходната конференција, одржана во 2016-тата година во Тирана, се фокусирала на заминувањето на борците, а оваа на неутрализирање на влијанието на повратниците", рекол главниот секретар на RCC. 

 

Истражувањето со име "Игра на трпеливост: проценка и одговор на заканата која ја претставуваат борците повратници на Западен Балкан", покажало дека од 2012-тата до 2017-тата година околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ отишле во Сирија и Ирак, а меѓу нив има околу 1.000 луѓе од Западен Балкан. 

Виена и натаму е главното место каде се радикализираат и организираат исламистите од регионот. Безбедносните експерти велат дека посебно внимание треба да се обрати и на зајакнувањето на радикалниот исламизам во Словенија. 


Словенечката разузнавачка служба веќе неколку години ги надгледува исламските организации во земјата. Исто така, најавиле дека радикалните исламисти во иднина би можеле да претставуваат непосредна закана по националната безбедност. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг