Интервју со Pro тренерот Ивица Јаковлевски: Вистинската револуција започнува со Elite Basketball Trainer и Pro Basketball Training!

Точка

04/12/2017

10:36

1.899

Големина на фонт

а а а

Ивица Јаковлевски е млад и талентиран човек којшто донесе нешто сосема ново и апсолутно уникатно во сферата на македонската кошарка – можност за индивидуален тренинг со вистински мастер и професионалец којшто за прв пат смело зачекори кон иновативните и современи методи во модерната кошарка.

Ивица е воедно и дипломиран професор по физичко и здравствено образование, но и магистер по економски науки. Но денес, неговото име е најпрепознатливо кога ќе се спомене дека е Pro Basketball тренер, којшто е убеден дека токму тој преку своите современи методи на работа ќе донесе револуционерни промени во светот на кошарката во нашата држава.


Со тренерската работа Ивица започнал после враќањето од САД, во КК Работнички и тоа токму помеѓу младинските генерации, после што токму тој решил да се прекине со клишето во оваа сфера, воведувајќи нови вештини и методи на работа во кошарката. На прашањето зошто токму назад во Македонија се одлучил на овој чекор, тој вели дека Македонија е исклучително талентирана држава, особено кога станува збор за кошарката.

Да се биде дипломиран професор по физичко и здравствено образование, магистер по економски науки, вработен, но и исто така успешен како Pro Basketball индивидуален тренер е секако огромен предизвик. Но се чини дека на Ивица сето тоа и тоа како му оди "од рака", бидејќи за него може да се каже дека е максимално успешен во секоја сфера од своето делување.


"Пред се' благодарам за убавите зборови, мене ми е мило, а задоволството е огромно што ете сум оставил впечаток и кај вас, а и кај пошироката јавност и во спортската сфера како успешен и вреден. За се' ова добро да се изработи и да се изменаџира времето со работните обврски а и со приватниот живот, бара голема посветеност а и труд за да бидете на сите страни присутен, но секако бара и откажување од некои потреби, кои ви биле задоволство. Но секако, доколку сакате да направите нешто повеќе од останатите, односно да се издвоите од "морето", и да успеете во тоа, треба да се посветите и да го дадете својот максимум".


Ивица имаше можност извесно време да живее од другата страна на "големата бара", но сепак се реши да се врати назад во Македонија каде безрезервно и пожртвувано го применува сето искуство стекнато токму во САД.

"Секако дека е најубаво да се работи во својата земја, и да се споделува и применува искуството кое е стекнато на страна. Се вратив во Македонија бидејќи сакам да го пренесам моето знаење и да делувам со своето искуство помеѓу младите генерации, бидејќи со добра соработка, взаемна почит и разбирање можеме да постигнеме одличен успех, и дека може да се промени свеста, дека едноставно не смееме да бидеме незаинтересирани туку дека треба да бидеме различни во начинот на комуницирање и создавање".

Ивица смета дека токму индивидуалниот кошаркарски тренинг е многу подобар за разлика од конвенционалниот, и дека сепак ќе мора да се работи малку повеќе во таа насока, со цел во иднина малку да се променат нештата во оваа сфера на овие простори.

"Сaмиот збор индивидуален укажува на тоа дека се работи индвидуално и посветено, се обрнува големо внимание на играчот, на секој детаљ, и се објаснува секое движење и реакција на одбранбен играч. Секако дека е подобро затоа што времето кое го споделувате е наменето за еден и двајца играчи за време на тренингот, за разлика од екипниот тренинг каде има од 15 до 20 играчи и ретко се работи техничка подготовка затоа што екипите се подготвуваат за натпревари, но со тактичка примена на акции во нападот, одбраната, зоните, зонскиот пресинг и така натаму, со што се занемерува најважната компонета, а тоа се индивидуалните технички способности кај играчот".

А после сето ова, веќе ни станува далеку појасно дека екипниот тренинг драстично се разликува од индивидуалниот, и дека воопшто, едниот и другиот тренинг опфаќаат сосема поинакви развојни програми.


"Оваа иновативна развојна програма на Про Баскетбалл Тренинг опфаќа буквално се' од она што е неопходно, за еден кошаркар да го надгради своето знаење, а тоа се техничка подготовка, психомоторичка подготовка, подобрување на когнитивните својства, баланс кординација, агилност, контрола на топка, ball handling drill и footwork agility drills, дриблинзи во место, дриблинзи во движење, сите опции во напад на pick and roll, ситуациони методи и многу други елементи и движења кои се повеќе од потребни за надградување на играчите, и секако нивното знаење да биде поголемо и да се применува во текот на натпреварите".

Многу млади момци поседуваат талент и огромна волја за да успеат токму на полето на кошарката. Сепак, за да се стане успешен кошаркар како во Македонија, но секако и пошироко, до степен на изградување на познато име со врвна кошаркарска кариера е потребно да се исполнат одредени предуслови.

"Секојдневна и посветена работа, откажување од многу работи кои ви претставувале задоволство, но секако мора пред се' да си поставите цел и да знаете кои ви се приоритетите, затоа што само со добро испланирани цели одговорни во својата работа, може да постигнете многу повеќе. "

Неодамна беше објавено и првото индивидуално видео за кошаркарски тренинг на иновативната развојна програма на Про Баскетбалл Тренинг. Се работи за прв видео запис од ваков вид снимено на тлото на Македонија од страна на Ивица Јаковлевски. Тој вели дека ваквиот начин на работа е неопходен за правилен развој на младинските кошаркари, па и оние со поголемо кошаркарско искуство.

Како го прифатија вашите соработници, поддржувачи и колеги ваквиот потег? И секако, колку од нив веќе го практикуваат ваквиот тренинг?

"Требаше да дојдете и да почувствувате за каков вид на видео промоција станува збор иако знам дека гo погледнавате видеото внимателно :). Шегата на страна, станува збор за прво индивидуално видео со ваков квалитет снимено не само во Македонија туку и пошироко во регионот. На промоцијата присуствуваа околу 140 до 150 гости, спортисти кошаркари, и видни луѓе од приватниот и општествениот сектор. Секако дека овој уникатен тренинг и развојна програма се од круцијално значење за младинските кошаркари, но и за оние кои допрва ќе градат кошаркарска кариера, но истото важи и за оние играчи коишто се со поголемо искуство а сакаат да се подобрат, и да ги осознаат деталите кои им се потребни за играта во напад и одбрана, иако имаат искуство, сепак репетитивниот тренинг и секоја новина и нова идеја во креација на играта е добродојдена. "

Остваривте и средба со главниот менаџер на Агенцијата Pro Futuro Sports од Белград, Република Србија, господинот Милош Вуловиќ, којшто максимално ве поддржа. Каква е состојбата на ова поле во Република Србија кога станува збор за современите методи на кошарката и ваквите индивидуални тренинзи и што очекувате од вашата идна соработка?

"Тој контакт се случи брзо и неочекувано, но кога ќе се спојат луѓе посветени во својата работа со иста визија и вложување на енергијата, се случи брза соработка, и потпишавме договор. Јас сакам да им се заблагодарам што токму овој начин на работење им остави убав впечаток, а исто така и тие мене со нивната прфесионалност. Тие беa изненадени и кога се видовме со нив во Белград, во нивната канцеларија, тие ми рекоа: "Oва е голем професионализам, кај нас во Србија има многу квалитетни тренери, но ова што ти го работиш е единствено и уникaтно, и никој до сега не се нафатил ова да го работи и да го демонстрира, секојa чест!" Инаку со господинот Милош Вуловиќ планираме нивно доаѓање во Македонија со цел и тие да го презентираат своето работење и помагање на талентирани кошаркари и кошаркарки, но и други спортисти за сите тие да си го најдат своето место во светот на кошарката, во Америка, Италија и Шпанија. За да се запознаат колку што е можно повеќе луѓе со нивниот начин на работење, здравје во месец март следната година планираме да дојдат во Скопје и да ни се претстават и да направат презентација пред сите заинтересирани, а нивниот број веруваме дека ќе биде многу голем."


За да се постигне успех во било која сфера, потребно е и тимот да е комплетен и успешен. Но и да постои и јасно одредена визија и цел за во иднина. 

"Во оваа индивидуална школа сум јас како основач и планирам да вклучам уште еден тренер кој е дипломирам тренер по кошарка на факултетот во Белград. Инаку, после промоцијата на видеото, секако дека има повеќе заинтересирани и се' повеќе се зголемува бројката во про баскетбалл тренинг. Моите идни планови заедно со агецијата про футуро спортс се следни - да се организираат кампови во повеќе земји каде што јас ќе бидам главен промотор на овој начин на работа преку демонстрација и самиот методолошки пристап, со што би ја презентирал оваа иновативна развојна програма и надвор од нашите граници. Првиот ваков камп би требало да се одржи во Москва, Русија, па потоа и во други држави".

Освен одличен талент и одличен тренер којшто би ги воведувал младите кошаркари во сите "сокриени тајни" на кошарката, веројатно е многу важно да се внимава и на целокупниот животен стил. Тука секако спаѓа исхраната, но спаѓа и квалитетната спортска опрема.

Што се' е неопходно да испочитува еден млад кошаркар, секако, ако сака да зачекори по вашите стапки и во иднина да прерасне во добро познато име со успешна кариера на ова поле?

"Секако дека е потребно и да внимавате на исхраната, која ке биде умерена но секако треба да се внимава колку се внесува и со ништо да не се претерува. Исто така, важно е неколку часа пред самиот тренинг да се консумира лесна храна за да може играчот полесно да тренира, но и да има внес во организмот на потребните витамини и јаглехидрати за да се изджи напорот кој го носи самиот тренинг. "


И за крај на ова наше поглавје, иако се надеваме дека нема да е и последно, што е она коешто вие како тим им го нудите на младите таленти а е сосема поинакво од сите останати школи по кошарка? Односно, зошто младите таленти треба да ве изберат токму вас, наспрема сите останати?

"Како тим нудиме професионалност, посветеност во секој поглед, сакаме исто така да влијаеме на создавање на самодовербата не само на тренинзите туку и воопшто во животот, како и градење на цврст каректер кој ќе биде подготвен да се носи со предизвиците во спортот. Ќе напоменам само дека во оваа школа се работи многу посветено и одговорно и се обрнува внимание на секој детаљ од кошаркарската игра, се' со цел да кошаркарите се надоградат и го усовршат своето знаење колку што е можно подобро."





Спонзорирани линкови

Маркетинг