Германскиот политички систем е „капут“

Нетпрес

22/11/2017

12:10

507

Големина на фонт

а а а

Заминувањето на „мути“, или „мајката“, како што Германците милуваат да ја нарекуваат својата канцеларка, како што може да се претпостави ќе биде лошо како за самата Германија, така и за Европа.

На крајот на краиштата сите почнавме да ја цениме вредноста на спокојот на Ангела Меркел, нејзината рационалност и мајчинската грижа, кои ја извадија нејзината земја, но и континентот, од неколку трауматични периоди – последователни евро кризи, пристигнувањето на милиони бегалци и најсвежиот „Брегзит“, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак нејзиното заминување може да се покаже добро за Велика Британија, барем во потесна смисла на можноста за отворање на подобар и повеликодушен договор за „Брегзит“. Но, се појавува и ризик од влошување на условите во однос на спогодбата меѓу Лондон и Брисел.

Прв оптимистички развој на настаните. Ако, како што изгледа се’ поверојатно, Ангела Меркел го отстапи лидерското место во случај на нови избори, нејзиниот наследник можно е да има поразлично гледање за „Брегзит“ од неа. Моментно, таа останува верна на својата верба во Европа и дозволи Мишел Барние и Европската комисија да ги водат разговорите; надежите на Велика Британија за топло разбирање меѓу Меј и Меркел, гарнирано со кафе и благо, беа разбиени од респектот на германскиот лидер кон европските институции и од нејзината безрезервна верба во „четирите слободи“ на ЕУ – на капиталот, услугите, стоките и трудот. За неа тие се како Свето Тројство.

Но, што би се случило ако новиот лидер на нејзиниот Демо-Христијански сојуз е со поскептичен став во однос на вредноста на слободата на трудот – некој, кој би сакал да види промени во таа насока низ целата ЕУ? На крајот на краиштата тоа е во основата на кампањата на новата германска бизнис организација, која сака останување на Обединетото Кралство во ЕУ и е нешто за кое Тони Блер мистериозно шепна, кога се сретна со европските лидери пред неколку месеци. Ако тоа некогаш се случи, тогаш првичната причина за „Брегзит“ ќе биде отстранета, а тоа не е невозможно, зошто идејата се прифаќа позитивно и има широка поддршка и од двете страни.

Ако има нови избори во Германија, тогаш различните партии и групи, кои ја делат скептичната позиција за миграцијата и можеби се посклони да ја разберат британската позиција, можат да освојат доволно места во Бундестагот и да го кренат гласот во евентуалниот нов парламентарен состав.

„Слободните демократи“ се насочени како бизнис центристичка либерална партија, која може да се покаже во позиција како „почитувана“ (различна од „Алтернатива за Германија“) и „одговорна“ (не како Германската Социјал-демокртска партија и „Зелените“) опозиција на Демо-Христијаните. Тие можат да соберат доволно гласови за да владејат заедно со ХДС и тоа без ексцентричните „Зелени“.

Внатре во Демо-Христијанското движење, кое е баварска партија – Христијанско-социјалниот сојуз може исто така да добие поголема поддшка во својата провинција и да стане поодлучувачка компонента во гер,манската политика, се разбира ако Демо-христијаните продолжат да ги губат гласовите во другите провинции. Ако тоа се случи, тогаш може да станеме сведоци на промена на балансот на силите во самио блок, и тоа во корист на десната струја, кое повторно ќе доведе до приситок за реформи на европското правило за слобода на движењето. Тоа, од своја страна, може да ги направи германските власти посклони да го разберат британскиот случај, или, многу поверојатно, да го осознаат ефектот од загубата на голем пазар како Велика Британија, за своите производители на возила. Минхен, а не Берлин, може да стане динамото на германската политика.

Треба да се запомне дека Ангела Меркел е политичка ќерка на Хелмут Кол, најголемиот еврофил од сите германски канцелари. Кол стана легенда уште од 1990 година по одлуката да ја жртвува саканата цврста валута на Германија – марката, на олтарот на европската интеграција и проектот за заедничка европска валута.

Наследникот на Меркел, наводно од помладата генерација, или од воскреснатите партнери на Демо-Христијаните и Слободните демократи, може да даде по голема флексибилност на германската позиција во однос на „Брегзит“ и поголема желба за поставување на германските економски интереси над оние на евроспката целина.

Полошата варијанта ќе е ново зголемување на пратениците од „Алтернатива за Германија“: тоа може и да биде добро за „Брегзит“, во контекст на постигнување на договор, но може да е многу лошо за цивилизацијата. Тие нема да се дел од новата евентуална власт, таков е нивниот статус на надворешна партија, но нивниот евроскептицизам ќе биде тежок за игнорирање или за политичко заобиколување.

Сепак, постои и друга опција, исто така многу веројатна: следните германски парламентарни избори да бидат во голем степен повторување на тези и да се појават истите аритметички проблеми. Малите разлики во поддршката за различните партии нема да даде фундаментална промена на дневниот ред и германскиот пропорционален изборен систем ќе го пронесе истиот хаос и во Бундестагот. Веќе е очигледно дека изборниот систем, кој и’ служи на Германија одлично во првите седум декади од постоењето на Федералната Република, во која две големи партии се менуваат во владеењето долги периоди, обично во калиција со некоја од малите центристички партии, не може да одговори на современата фрагментација на политичката сцена. Денес Германците имаат цела лепеза од можности – бившите комунисти, „Зелените“, Социјал-Демократите, две бранда Демо-Христијани, Слободни Демократи и неофашистите „Алтернатива за Германија“.

Ново влегување во ќор-сокак е премногу предвидливо, а сега дури варијанта за нова „голема коалиција“ меѓу Социјал-Демократите и Демо-Христијаните може и да го нема неопходното мнозинство. Германскиот политички систем до голем степен веќе е „капут“.

По спроведувањето на предвремени избори, ситуацијата може да стане уште повеќе заплеткана и да доведе до уште поголемо забавување реалното разрешување на преговорите за „Брегзит“, нешто што со сигурност не е во корист на Велика Британија. Тоа не е во корист ниту за Емануел Макрон, кој може да врати традиционалната улога на француското политичко лидерство во Европа, во моменти на невообичаена германска слабост – тоа (и реалното отсуство на Италија и на Шпанија, кои имаат свои политички празнини за пополнување) само повеќе би ги отворило пространствата за Макрон, Барние, Јункер и нивните сојузници да притиснат за своите барања и да ја поддржат определената незаинтересованост за можноста од неповолен „Брегзит“.

Во случај Меркел да успее политички да преживее, па дури и да оствари одредено враќање на позициите на предвремените избори, тогаш „Брегзит“ едноставно ќе биде значително забавен, но не и со променет правец. Ако Меркел падне, тогаш несигурноста, од која бизнес секторот се плаши толку многу и која создава големи проблеми и во ЕУ, само ќе се интензивира, барем краткорочно, но и ќе даде зрак на надеж за посветла иднина на Обединетото Кралство.

Во крајна сметка, можеби каприците на германската политика ќе бидат со исто толкаво големо значење за британската економија и нација, колку и за тоа кое се случува во Вестминстер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг