"Тато се врати 2" достапен во кино салите од 23 ноември, комедија која вреди да ја погледнете!

Точка

21/11/2017

23:52

945

Големина на фонт

а а а

Новогодишната комедија "Тато се врати 2" ("Daddy's Home 2") ќе биде достапна во кино салите од 23 ноември како низ светот, така и во Македонија. Режисерот Шон Андерс го прикажува ривалството меѓу таткото и очувот, а главните улоги ги играат Вил Ферел, Марк Валберг, Мел Гибсон и Џон Литоу.


Во овој филм се појавува и прекрасната Алесандра Амбросио која ја глуми новата сопруга на Дасти, односно Марк Волберг. Во продолжението на хитот од 2015 година, таткото (Марк Волберг) и очувот (Вил Ферел) ги спојуваат семејствата за да го прослават Божиќ заедно. Меѓутоа, нивниот однос ќе биде ставен пред голем предизвик кога нивните татковци пристигнуваат точно на време да ги претворат празниците во општ хаос. 


Не пропуштајте да ја погледнете оваа комедија!




Спонзорирани линкови

Маркетинг