Пораката која можела да го спаси Кенеди: Криминалец го најавил убиството, но од ФБИ не презеле ништо...

Точка

22/11/2017

11:30

1.956

Големина на фонт

а а а

Џек Руби можеби знаел дека Ли Хари Освалд ќе се обиде да го убие американскиот претседател Џон Кенеди, откриваат неодамна објавените документи на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Како што пренесува британски „Индепендент“, Џек Руби кој што два дена после убиството на Кенеди пукаше и смртно го рани Освалд, непосредно пред атентатот на претседателот, на еден агент на ФБИ му најавил дека ќе се случи нешто многу важно.

Руби на агентот го прашал дали сака да гледа огномет, неколку часа пред Кенеди да биде застрелан во Далас.

Иако претседателот беше убиен на 22-ри ноември 1963-та година, интеракцијата меѓу Руби и ФБИ агентот кој што подоцна бил идентификуван како Боб Вондерслајс, не е официјално заведена во записите на ФБИ се до март 1977-ма година.

„Изворот рече дека утрото на денот на убиството, Руби го контактирал и го прашал дали сака да гледа огномет“, стои во документите на ФБИ.

Руби и Вондерслајс во моментот на пукањето се наоѓале во близина на зградата од чиј што шести кат пукал Освалд: „Веднаш после пукањето, Руби замина и се упати кон областа на зградата каде што се наоѓа редакцијата „Далас Морнинг Њуз“, без да каже нешто“, стои во документите.


Вондерслајс кажал во ФБИ дека откако Руби бил уапсен за убиството на Освалд, и тој бил уапсен поради некои неповрзани обвиненија, па со Руби уште подобро се запознал во затвор.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди објавување на илјадници документи во врска со убиството на Кенеди и сега тие во серии се објавуваат на сајтот на американскиот Национален архив. Тој се согласи стотина други документи да не бидат објавени затоа што се од „чувствителна природа“ и безбедносните служби мора да ги прегледаат пред да бидат објавени во јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг