Џенифер Гарнер: "Не избрав ваков начин на живот"

Точка

21/11/2017

18:45

4.473

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од две и пол години откако Џенифер Гарнер и Бен Афлек ја известија јавноста дека се разведуваат. И покрај тоа што Бен веќе има нова партнерка, телевизиската продуцентка Линдзи Шукус, Џенифер Гарнер е сè уште сама.

Таа му потврди на медиумите дека поминува низ тежок период и дека моментално не е подготвена да оди на љубовни состаноци и да има нова личност во својот живот. 


"На љубовен состанок не сум била откако се разведив и не сум заинтересирана за љубов. Луѓето сакаат да ме спојат со некој, меѓутоа јас одбивам и им се заблагодарувам што сепак се грижат за мене", вели Гарнер за "News.com.au".

45 годишната глумица која има три деца со Бен Афлек, Вајолет, Серафин и Семјуел, открила како изгледа нејзиниот живот откако се разделиле.

"Не избрав ваков живот за себе или за моите деца. Никогаш не би одбрала да бидам сама и во ваква позиција. Тоа е нешто низ кое мораме да поминеме".

Бен и Џенифер беа заедно 10 години, но и денес се сè уште блиски. Кога Бен отишол на лекување за одвикнување од алкохол, Џенифер била покрај него и му била голема поддршка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг