Германската полиција спречи нов масакр на ИСИС: Уапсени се мигранти од Сирија, планирале да изведат голем напад за време на Божиќните празници

Точка

21/11/2017

16:10

4.123

Големина на фонт

а а а

Германската полиција соопшти дека се уапсени шестмина Сиријци кои што наводно се припадници на Исламската држава, осомничени за планирање на терористички напад во Есен за време на претстојните Божиќни празници.

Осомничените биле уапсени во големи полициски рации во градовите Кесел, Хановер, Есен и Лајпциг на северозападот на Германија, пренесуваат германските медиуми.

Германските власти во пресрет на овогодишните Божиќни празници во државата се во состојба на висока подготвеност откако на минатогодишниот Божиќен пазар во Берлин, еден исламски фанатик украде камион и влета меѓу луѓето притоа убивајќи 12 лица. Одговорноста за нападот тогаш ја превзеде Исламската држава.


Сите шестмина уапсени во неодамнешните рации биле идентификувани како сириски граѓани на возраст од 20 до 28 години кои што пристигнале во Германија како баратели на азил во периодот од декември 2014-та до септември 2015-та година. Поради строгите германски закони за заштита на приватноста, полицијата не ги соопшти нивните имиња.

Уапсените се обвинети за „подготвување на напади со оружје и експлозив на цели на јавни површини во Германија“.


На подрачјата каде што во сите градови во Германија каде што ќе има Божиќни пазари, оваа година поради безбедносни причини ќе бидат поставени бетонски блокови кои што би требало да спречат напад со моторно возило доколку се случи такво нешто.

Германските безбедносни служби проценуваат дека во оваа земја моментално има околу 10 илјади радикални исламисти од кои што досега 1,600 биле осомничени за казнени дела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг