Избегала низ прозор во долна облека: Киднапирале 14-годишна девојка и 5 дена ја дрогирале и силувале! 20 мажи се изживувале над неа

Точка

21/11/2017

11:37

4.018

Големина на фонт

а а а

14-годишната девојка, која била држена во заробеништво пет дена, дрогирана и принудена да има сексуални односи со 20 мажи, била спасена кога полицијата забележала дека се обидува да побегне преку прозор во долна облека.

Тинејџерката во англискиот град Ковентри, била киднапирана од тројца мажи, кои ги објавиле нејзините фотографии на сајт за деловен ескорт, тврдејќи дека има 18 години. 

21-годишниот Џејк Кернс, 20-годишниот Брендон Шарплс и 21-годишниот Џек Мекинали, се осудени за договарање на сексуална експлоатација на дете. 

Кернс е прогласен за виновен и за креирање и дистрибуција на фотографиите. 

Сите тројца биле уапсени кога полицијата влегла во куќата, откако го забележале девојчето како се симнува низ прозорот на бањата на првиот кат, носејќи само долна облека. 

"Овие тројца мажи се вклучени во шокантна експлоатација на младата девојка", рекол детективот Џон Баркер. 

"Кернс на почетокот рекол дека не ја познава девојката, но подоцна го променил исказот за време на постапката за идентификација". 

Здружението за заштита на деца "NSPCC", ја пофалило "неверојатната храброст" на девојчето. 

"Овие предатори целеле на ранливото девојче и биле насилни кон него. Ова е вознемирувачки пример за начинот на кој злоставувачите манипулираат со своите жртви, наведувајќи ги да мислат дека нема шанси за бегство. Девојчето покажало неверојатна храброст и сега е најважно да ја добие потребната поддршка за да се опорави од тие грозни искуства", рекла портпаролката на "NSPCC".



Спонзорирани линкови

Маркетинг