Турска бура во НАТО Алијансата: Може ли Ердоган да ја сврти државата кон Русија?

Точка

21/11/2017

15:02

2.952

Големина на фонт

а а а

Неодамна советникот на Ердоган, Јалцин Топчу изјави дека е време повторно да се размисли околу членството на Турција во НАТО и со тоа најави можни потреси во северно-атлантската Алијанса.

Иако Турција е долгогодишна земја членка на НАТО Алијансата и стратешки партнер на Соединетите Американски Држави, сепак факт е дека во последните неколку години Турција се повеќе се приближува кон Русија, а „шлагот“ на пријателството помеѓу Анкара и Москва дефинитивно ќе биде купувањето на Турција на рускиот ПВО систем „С-400“ доколку биде постигнат конечен договор.

Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Јалцин Топчу отворено порача дека присуството на Турција во НАТО Алијансата е доведено под знак прашалник поради однесувањето на Алијансата кон Турција.

Тој однесувањето на НАТО Алијансата кон Турција го опиша како брутално и нечесно, пренесува турски „Хабертурк“, притоа алудирајќи на неодамнешниот инцидент кога на воени вежби во Норвешка, како непријатели на НАТО биле означени Ердоган и Ататурк, по што Анкара ги повлече своите војници од вежбите.


„Време е повторно да се разгледа нашето членство во НАТО Алијансата. Предавнички звучи непријателскиот тон кон нашата земја и избрнаиот претседател. Станува збор за пакост, подлост и срам кој што е покажана за време на воените вежби на НАТО“, нагласи тој.

Тензиите помеѓу НАТО Алијансата и Турција ескалираа минатата седмица кога некогашниот основач на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк и актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган биле претставени како непријатели за време на воените вежби на НАТО. Ердоган порача дека таквиот инцидент бил напад на Турција и на турската нација.

„Ова што го прави НАТО е скандал“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конгресот на неговата владеачка Партија за правда и развој.


„Тие знаат дека не можат да ја сопрат нашата земја, па затоа ме ставаат како мета. Се надевам дека оние кои што ги поздравуваа нападите врз мене претходно, сега сфатија кое е вистинското лице на работите, со оглед на тоа што и Ататурк е вмешан во скандалот“, изјави Ердоган.

Според турскиот претседател, сепак не станува збор за лично или партиско прашање, туку станува збор за напад на Турција и турската нација.

„Денес Турција не може да се спореди со Турција од пред 15 години и тоа на секое поле - од економијата до одбранбената индустрија, од трговијата до дипломатијата. Сега постои Турција која што самата произведува сопствено оружје и тенкови“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг