Уапсен еден од разбојниците кои украдоа околу 20.000 евра од Халк банка

Макфакс

18/11/2017

14:21

2.010

Големина на фонт

а а а

Од полицијата велат дела Секторот за внатрешни работи Скопје го привел лицето Е.М. (29) од Скопје поради основи на сомнение дека на 3 овој месец ја ограбил Халк банка.

Како што велат од МВР, според документираните сознанија од истрагата, пријавениот заедно со уште две засега непознати лица на 3.11. околу 9:30 часот на ул. „Александар Урдаревски“ во експозитура на Халк банка извршил кривично дело разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзел околу 1.200.000 денари.

Како што МВР претходно информираше за овој настан, сега пријавениот Е.М. заедно со две непознати лица дошле во близина на експозитура на Халк банка, ставиле качулки на главите и влегле во банката, при што Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли упатувајќи закана по живот кон вработените барајќи да им ги дадат парите. За време на извршувањето на кривичното дело одзеле 1.150.000 денари пари од банката и уште 50.000 денари пари на клиент кој во тоа време се затекнал во банката, по што избегале во непознат правец.

По ова од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности, при што Е.М. е лишен од слобода и приведен во полициската станица во Гази Баба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг