Шидло: Полска ја победи ЕУ во спорот за мигрантите

Макфакс

14/11/2017

23:40

938

Големина на фонт

а а а

Полската премиерка Беата Шидло соопшти дека владата ја победила Европската Унија во спорот за мигрантите наведувајќи дека Унијата дури и го променила ставот за ова прашање.

Шидло на заедничка прес-конференција со лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински, рекла дека ЕУ го сменила својот став благодарение на решителниот и непоколеблив став на Полска.

„На Полска денес во Европа се гледа како на држава ослободена од тероризмот“, рекла таа.

Полска одби да прими мигранти според обврзувачкиот план на ЕУ за распределба на овие лица. Варшава како аргумент за ваквата одлука истакна дека со прифаќањето муслимански мигранти би се загрозиле безбедноста на земјата и нејзиниот католички идентитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг