Првиот човек на Ла Лига: Меси го има продолжено договорот со Барселона

Дерби

14/11/2017

22:01

544

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот ас, Лионел Меси веќе долги години е алфа и омега во екипата на Барселона, играч без кој не може да се замисли каталонскиот гигант, па и затоа постои загриженост кај навивачите дали тој го има продолженое договорот кој му истекува на крајот на оваа година.

Од таборот на Барселона во повеќе наврати имаат истакнато оти се е готово, поточно дека останува само формално тоа да се соопшти и да се завери со Меси. Сепак тоа се уште не е направено, па останува дилемата меѓу навивачите и медиумите дали е навистина така и дали се е завршено околу новиот договор на Аргентинецот.

Изгледа тоа е точно, а потврда за тоа дојде од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

-Меси има договор кој е обновен. Договорите се официјални кога ќе се потпишат, а не кога ќе се објави дека се потпишани. Меси потпиша со Барселона, ако мене не ме излажале, -истакнал Тебас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг