Волф: Хамилтон можеше да победи

КРУГ.МК

14/11/2017

16:55

470

Големина на фонт

а а а

Тото Волф од Мерцедес смета дека Луис Хмаилтон можел да победи во Бразил и покрај стартот од бокс.

Тој ја искористил во целост силата на неговиот мотор и во еден момент имал темпо за победа но поради заостанатите болиди изгубил време. Само 5.4 секунди го делеа Хамилтон од Себастијан Фетел на крајот и според Волф можно било тој да нападне во подобри услови.

„Тој беше најбрз на патеката. Себастијан ги менаџираше гумите на крајот. И затоа не го видовме вистинското темпо. Кога дискутиравме сабајлето се согласивме дека доколку има безбедносно возило тој ќе биде на четврта позиција. Безбедносното возило малку ни помогна. Но разликата со Ферари беше многу мала и можевме повеќе. Ова е најдобро четврто место до сега. Разликата на крајот од 5.4 секунди кажува колку извонреден возач е тој“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг