Адријана Лима со новата фотографија поттикна гласини за брак

Точка

14/11/2017

20:00

5.520

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните манакенки на светот, бразилката Адријана Лима веќе пет месеци е во среќна љубовна врска со турскиот писател Метин Хара. Последната фотографија која ја објавила Адријана, предизвикала двоумење кај нејзините фанови, дали парот започнува ново поглавје во нивниот живот?

Од самиот почеток, славната бразилка не ја криеше врската со турскиот писател Метин Хара, иако во јавноста нивната врска била претставена како маркетиншки трик, односно обид на Метин да се "пробие" во светот на познатите. 


Сепак, среќниот пар воопшто не обрнувале внимание на овие провокации и уживале во секој миг поминат заедно, а според новата фотографија која ја сподели Адријана, многумина сметаат дека парот е можеби подготвен за следниот чекор.

"Денес се точно пет месеци откако се запознавме и одбравме љубов. Почеток на новиот почеток", напишала Адријана под објавата.

❤️Exactly today 5 months ago I️ met/chose love❤️ The beginning of a new beginning ❤️

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Фотографијата предзивика лавина коментари за тоа дали бразилката рече "да".

Како и да е, парот воопшто не се одвојува, а манакенката не крие дека е заљубена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг