Revology Cars се погрижија за прекрасен спој на ретро стилот и модерната технологија: Ова е „новиот“ Shelby Mustang GT500

Точка

14/11/2017

17:30

1.502

Големина на фонт

а а а

Автомобил како Shelby Mustang GT500 е од оние кои што секој би посакал да го има во својата гаража, но дали секој би имал храброст да ја притисне педалата за гас до крај?

Колку и да е добро чувството да се седне зад воланот на еден од најлегендарните автомобили во историјата, многумина не би се осудиле да го тестираат „максимумот“ на овој автомобил, пред се затоа што станува збор за нешто што е старо половина век.

Тоа го знаат и од компанијата Revology Cars која што е специјализирана за производство на автомобили во ретро стил, но во тој процес се применува модерна технологија која што возењето го прави побезбедно во секој поглед.


Овој Shelby Mustang GT500 има V8 мотор кој што е составен од Roush Performance и кој што со помош на компресор испорачува дури 600 коњски сили. Тоа значи дека станува збор за прилично „опасна“ машина, која што во овој случај се надоврзува со нови технологии и безбедносни решенија.


Автомобилот доаѓа со едни од технолошки најнапредните сопирачки системи, како и со ново подвозје, а исто така има и модерен инфотејнмент систем и други технолошки решенија кои што се стандардни кај модерните автомобили. Поради тоа, овој Shelby Mustang GT500 е неверојатен спој на класичното со модерното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг