Ужас по земјотресот: Бројот на мртви пораснал на 530, повеќе од 30.000 куќи се срушени

Точка

14/11/2017

17:34

1.728

Големина на фонт

а а а

По земјотресот кој ги погодил западните делови на Иран во неделата, бројот на жртви пораснал на 530 луѓе.

Службениците ја сопреле операцијата за спасување, наведувајќи дека се мали шансите за пронаоѓање на уште преживеани, известуваат државните медиуми на Иран. 

По ударот на тој разорен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, во областа кај иранско-ирачката граница, преживеаните, од кои многумина останале без своите домови, се бореле во текот на ноќта со ниските температури, а следниот ден повторно се соочиле со недостиг на храна и вода. 

Како што известила новинската агенција "Ирна", бројот на загинати го направил овој земјотрес најсмртоносен во Иран во последните десет години. 

Илјадници луѓе се повредени, а 30.000 домови и цели села се уништени. 

Како што известиле претходно агенциите, претседателот на Иран, Хасан Рохани, рекол дека неговата администрација ќе отвори истрага поради огромната штета на зградите кои се изградени во рамките на државен проект. Тој рекол и дека треба да се видат грешките при изградбата на зградите и ветил дека повторно ќе се изгради погодениот регион во најкраток можен рок. 

Многу од оштетените згради се изградени за време на владеењето на поранешниот претседател, Махмуд Ахмединеџад. 

Потресот се почувствувал во неколку ирански провинции, но најмногу настрадала Керманшах. Повеќе до 300 луѓе загинале само во областа Сарпол-е Захаб, во таа провинција која се наоѓа на 15 километри од границата со Ирак. 

Иранската телевизија навела дека земјотресот значителна штета во некои села. Потресот предизвикал и одрони кои ги загрозиле напорите на спасувачите. 

Како што претходно известила агенцијата "Ирна", курдските здравствени службеници навеле дека во Ирак загинале најмалку шест лица, а 68 биле повредени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг