Таа е жена на годината, но да не беше нејзината сестра ќе се посрамотеше

Точка

14/11/2017

18:35

7.267

Големина на фонт

а а а

Славната манакенка Џиџи Хадид имала мала незгода додека го напуштала својот апартман. Од многу блицови, папараци и долгата свечена тоалета биле причина младата Џиџи за малку да падне на земја. Благодарејќи на нејзината сестра Бела, несреќата била одбегната.

Сестрите Хадид буквално блеснале во креациите кои ги одбрале за доделувањето на модните награди "Glamour". Тие биле многу возбудени за овој настан, па поради тоа младата Џиџи имала лоша среќа кога излегувала од хотелот во кој биле сместени. Но, манакенката професионално се снашла во ситуацијата и не дозволила да ѝ се расипе вечерта. 

GIGI TRIPPED XHDJN

A post shared by Bella Hadid (@bellahadicl) on

Фановите во "Kings Theatre" во Бруклин ги пречекале со овации, а Џиџи добила награда за жена на годината.

Во модниот свет веќе сите се свесни за тоа дека Џиџи не само што ги поместува границите туку и создава нови правила во модата. Нејзините колешки имаа само убави зборови за неа, а веднаш по доделувањето на наградата ѝ се придружила и нејзината мајка Јоландa која исто така била модел во минатото.





Спонзорирани линкови

Маркетинг