Нема да се мешаме во туѓи внатрешни прашања: Русија и Кина отворено против САД

Точка

14/11/2017

16:10

2.473

Големина на фонт

а а а

Кина и Русија го бојкотираа американскиот неформален состанок во Советот за безбедност при Обединетите нации околу ситуацијата во Венецуела - тоа е мешање во туѓи внатрешни прашања.

Соединетите Американски Држави свикаа неформален состанок на земјите членки на Советот за безбедност при Обединетите нации за да се расправа околу ситуацијата во Венецуела, но Кина, Русија и Боливија го бојкотираа „американскиот“ состанок.

„Овде станува збор за мешање во внатрешните работи на Венецуела“, истакна рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензиа во разговор со новинарите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.


Исто така, рускиот амбасадор во Обединетите нации истакна дека се надева дека ситуацијата во Венецуела ќе биде решена по мирен пат и без мешање на надворешни сили во тамошните случувања.

Но, истовремено американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли порача дека Венецуела преку своите сојузници сака да го оневозможи одржувањето на овој состанок што јасно покажува дека „вината е во властите на Венецуела“.


Состанокот сепак беше одржан, а на него присуствувал и амбасадорот од Уругвај, Луис Бермудез кој што набрзо по завршувањето на споменатиот состанок, изјави дека тој смета дека ситуацијата во Венецуела не е закана по меѓународниот мир и стабилност.

Да потсетиме, откако Доналд Трамп стана нов претседател на Соединетите Американски Држави кон крајот на минатата година, тој значително ја заостри реториката против властите од Каракас кои што возвратија со иста реторика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг