Кочан се изјасни за невин во случајот „Труст“, за СЈО најважна е фалсификуваната документација

Нетпрес

14/11/2017

14:10

1.186

Големина на фонт

а а а

Сеад Кочан, првообвинетиот во предметот „Труст“ на судското рочиште во понеделникот во скопскиот Кривичент суд се изјасни за невин за обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Обвинителот Гаврил Бубевски, пак, во воведното излагање рече дека обвинетите Сеат Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.

„Не се чувствувам виновен“, рече пред судот обвинетиот Сеад Кочан запрашан за вина за обвинението кое му се става на товар. За невин се изјасни и обвинетиот Василие Авировиќ.

„Шест години обвинетите работеле со фалсификувана документација. Свесно се затекнале на вистинско место, во вистинско време, но со невистинита документација. Со кривичните дела обвинетите ги повредиле општестврните правни норми. Труст успеал со фалсификувана документација да добие тендер од АД ЕЛЕМ за ископување на јаловина и јаглен. Со незаконски добиена јавна набавка испумпани се 17 милиони евра пари на граѓаните. Невистинитите документи се злоупотребени, а тоа го докажуваат и прислушуваните разговори. На судот со доказите ќе му дадеме јасна слика за незаконското работење на обвинетите”, рече во воведниот говор Бубевски, обвинител од СЈО.

Одбраната на Кочан, пак, рече дека во добивањето на тендерот никој никого не измамил и немало криминал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг