5 нови ТВ серии поради кои ќе го обожувате ноември!

Точка

14/11/2017

17:30

2.147

Големина на фонт

а а а

Не знаеме што сте испланирале за ноември 2017, но ние имаме одлични ТВ серии кои ќе ви бидат совршена занимација за врнежливите денови. Веќе неколку години по ред, ноември се докажува дека е супер месец за премиери на нови филмови и ТВ серии. Доколку сте завршиле со омилената серија и барате некоја нова, ова е статијата за вас!

"Алајас Грејс" ("Alias Grace")


Приказната се случува во 19 век во викторијанската Канада во која млада девојка од Ирска, емигрантката Грејс Маркс (Сара Гадон) ќе стане познат "убиец", откако ќе заврши во затвор поради убиството на шефот и неговата домаќинка. 

"Дамата Динамит" ("Lady Dynamite")


Комичарката Мариа Бамфорд се враќа на малите екрани во пола-автобиографска приказна за Дамата динамит. Во првата сезона гледавме ккао Бамфорд се бори со менталната болест и притисоците околу снимањето. Во втората сезона, Мариа се обидува да прави баланс меѓу работата, пријателството и љубовните врски, продукциските договори, состаноците.

"Погрешен" ("Mudbound"-17 ноември)


ТВ серијата е фокусирана на главните херои и начините на кои тие се борат против расизмот и загубата во воениот период во Мисисипи. Оваа серија премиерно беше прикажана на овогодинешниот филмски фестивал Санденс, на која сега ѝ се прогнозира голем успех и награди.

"Таа мора да го има" ("She's gotta have it"-23 ноември)


Серијата ќе се занимава со романтични и професионални предизвици за Нола Дарлинг, либерална уметничка која за себе вели дека е "отворена за сексуално експериментирање". За време на серијата ќе ги пратиме нејзините афери со тројца мажи.

"Прекрасната г-ѓа Мајсел" ("The Marvelous Mrs. Maisel"-29 ноември)


Фановите на серијата "Gilmore Girls" ќе ја обожуваат оваа серија во која се работи за домаќинка од средината на педесеттите години на минатиот век, еврејката Миријам Мајсел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг