Lonely Planet одлучи: Ова се новите 7 хит дестинации за 2018 година

Точка

14/11/2017

17:00

3.362

Големина на фонт

а а а

Валета е прогласена за европска престолнина на културата за 2018 година, а Lonely Planet предвидува дека тоа ќе влијае на бројот на ноќевања во Малта. Туристите се согласуваат дека во 2018 година во прв план ќе бидат помалку познатите дестинации, како и далечните места каде што можете да стигнете исклучиво со авион.

1. Нов Зеланд 


Нов Зеланд нуди од се по нешто за посетителите-од прекрасна природа, можност за нуркање до прекрасни стази за шетање и велосипедизам. Последните неколку години, гастрономската сцена зема голем замав, а посебно се препорачува да се посетат винските подруми во Отага, Вајрарапи и Нелсон.

2. Шри Ланка


Една од прекрасните дестинации која ќе биде исклучително интересна и популарна во 2018 година е Шри Ланка. За тоа сведочи и порастот на ноќевањата за 70 %, како и зголемено ноќевање за 130 % преку онлајн страната Airbnb. Она што можете да посетите во оваа држава е Националниот парк Минерија, каде ќе можете да погледнете слонови или да ја исражувате старата индустрија за чаеви Дамбатене, па се до сурфање на брановите во Аругам.

3. Јужна Кореја


Поради одржувањето на Зимските Олимписки Игри во Пјонгченг, Јужна Кореја ќе биде навистина интересна земја за да се посети следната година. Оваа азиска земја е вистинска Мека за гурманите, а посебно оние кои уживаат во корејската скара, свилен тофу, стаклени резанци, лимон и многу сосови. Освен Сеул, треба да го посетите и селото Сунчанг Гочујанг кое е познато по црвената чили тестенина.

4. Малта


Валета е прогласена за европска престолнина на културата за 2018 година, а Lonely Planet предвидува дека тоа ќе влијае и на бројот на ноќевања во Малта. Следната година во Малта ќе се одржат многубројни концерти, филмски фестивали, изложби и други културни настани. И покрај тоа, Малта е позната по своето прекрасно море и плажи. Во Малата има повеќе од 300 сончеви денови во годината, така што оваа држава е идеално место за одмор.

5. Гуанахуато


Мексико има неколку популарни места кои туристите ги посетуваат како Тулум, Кабо или Мексико Сити. Но, следната година Гуанахуато ќе биде новата хит дестинација. Станува збор за главниот град на истоимената држава во средишен Мексико, кој се гордее со неверојатните пејзажи, магични цркви, плоштади и импресивни фасади на куќите.

6. Бонеар


Карибски залив сместен 140 километри од Аруба. Се смета за седиште на риболовот, бидејќи во морето живеат преку 470 различни типови на риби, па поради тоа, Бонеар е едно од најпосакуваните места за нуркање. Овој залив има две заштитени подрачја: Националниот парк Бонеар и Националниот парк Вашингтон Слагбаи кои се домови на уникатни видови на растенија и животни. 

7. Молдавија


Оваа европска држава е сместена меѓу Романија и Украина, а од неодамна е прогласена за најслабо посетена земја во светот. Поради тоа предизвика голем интерес кај туристите, па се претпоставува дека во 2018 година ќе биде хит дестинација. Тука можете да ги посетите винскиот подрум Винарија Милести Мици, како и манастирот Орхејл Вечи од 14 век кој се наоѓа во рамките на една пештера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг