Македонија е дел од двете главни рути за шверц на хероин во Европа

Нетпрес

14/11/2017

12:11

2.381

Големина на фонт

а а а

Македонија е дел од двете главни рути за шверц на хероин во Европа, се вели во извештај на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), агенција на Европската унија, за 2017 година.

Според податоците на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), хероинот, во најголем дел, се транспортира со камиони, автобуси, автомобили, но и на други начини.

Понатака, агенцијата на ЕУ во својот извештај наведува дека Албанија е земја која е најголем произведувач на канабис во регионот. Според ЕМЦДДА, главни консументи на албанскиот канабис се нејзините соседни држави на западен Балкан, но и земјите од Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг