Шокантно писмо на принц Чарлс од пред 30 години: "Драга Америка, кој ќе се позанимава со еврејското лоби?"

Точка

14/11/2017

11:26

2.379

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Чарлс се нашол на мета на критики поради писмо од 1986-тата година, во кое се прашува кој во Америка ќе се позанимава со "еврејското лоби", пренесува "Hill".

"Европските Евреи придонесоа за создавање на големи проблеми на Блискиот исток", навел Чарлс во писмото старо 31 година, оценувајќи дека "масовното движење на еврејскиот народ во 20-от век предизвикало насилства во регионот". 

Принцот од Велс изразил надеж дека "американскиот претседател ќе се спротивстави на еврејското лоби". 


Фразата "еврејско лоби" е позната по антисемитскиот призвук - вели уредникот на "Еврејски хроники", Стивен Полард. 

Тој истакнал дека тоа е делот од писмото кој најмногу го шокирал. 


""Еврејско лоби" е една од антисемитските теми кои ги слушаме со векови. Тоа е дел од митот дека постојат многу моќни Евреи кои ја контролираат странската политика, банките, медиумите и друго", навел Полард. 

Тој додал дека е посебно вознемирувачко тоа што таков израз доаѓа од наследникот на британскиот трон, и дека целото писмо е "шокантно". 


Неименуван извор за Daily Mail рекол дека принцот Чарлс е критичен по прашањето за американско-израелските односи зад затворени врати. 

Меѓутоа, Чарлс од друга страна изразил загриженост по повод заживувањето на антисемитизмот во Европа. Тој станал прв член на британското кралско семејство кој присуствувал на инаугурацијата на главниот рабин во 2013-тата година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг