Погледнете како да го спречите стареењето на кожата на вратот и рацете

Точка

13/11/2017

21:20

1.682

Големина на фонт

а а а

Жените кои трошат големи суми на пари за производи за нега на лице и шминка која ќе ги прикрие мааните на нивното лице, често забораваат дека со годините најмногу се забележува стареењето на кожата на вратот и рацете. Поради тоа, без разлика дали имате 19 или 39 години, веднаш започнете да ги негувате вратот и рацете.


Нега на кожата на вратот 

Навистина не е потребно да купувате посебни креми за ват, но секојдневно нанесувајте крема на тоа подрачје. На утро или на вечер, пред да нанесете крема на лицето, не заборавајте од истата крема да нанесите и на вратот. Секогаш нанесувајте ја кремата со нежни движења долу-горе за да не ја влечете кожата кон долу.

Вежбајте со вратот

Оваа вежба ќе ви помогне да го затегнете вратот и да спречите дебел кожен набор под брадата. Стиснете ги усните во положба за бакнеж, потоа главата исправете ја нагоре и глумете дека со усните го бакнувате плафонот. Ќе почувствувате нежно затегнување на вратот и на тој начин ќе го зацврстите. Вежбајте секој ден по 20 пати.

Правилно држење

Ако постојано сте подгрбавени и ако во текот на целиот ден брадата ви ја допира клучната коска, ќе ви се појават брчки на вратот. Држете ја главата исправено!



Спонзорирани линкови

Маркетинг