Хулкенберг задоволен со освоените бодови

КРУГ.МК

13/11/2017

15:39

206

Големина на фонт

а а а

Нико Хулкенберг имаше солидна трка за својата екипа Рено и стигна до поени со освојување на 10 место на Бразилското Гранд При.

„Добро е што освоив поени за првпат по Спа, иако ова беше прилично досадна трка. Изгубив позиции на стартот, а потоа и од Хамилтон и Рикардо, од кои неможев да ја одбранам позицијата.

Од една страна, добро е што ја завршив трката, но од друга страна нашите перформанси не беа доволно добри. Возев максимално, така што штета е што не стигнав до подобар пласман. Мојот фокус сега е кон последната трка во Абу Даби“, изјави Хулкенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг