Зошто би потрошиле 1.000 евра за телефон, за потоа да го инсталирате токму ова?!

Точка

13/11/2017

15:28

3.662

Големина на фонт

а а а

Овојпат воопшто не ни е јасно зошто некој би сакал да издвои 1.000 евра за телефон, за потоа да посака да инсталира нешто вакво?

Apple предизвика вистински хаос со својот iPhone X паметен телефон, а тоа е така затоа што овој телефон е потполно поинаков од сите телефони коишто досега сме имале можност да ги видиме под логото на Apple, но и од страна на неговата конкуренција. Тој ни нуди нов начин на управување со функциите и има препознатливо исечен екран, во којшто е сместен Face ID систем, со микрофон и селфи камерa. И токму во тоа се состои најголемата предност којашто ни ја донесува овој уред. А некои пак се обидуваат да го одземат токму тоа!

AppStore тукушто одобри апликација којашто во потполност го сокрива “исечокот” за којшто пишувавме и екранот на iPhone X паметниот телефон околу него го прави неупотреблив. Едноставно, тој дел од екранот останува затемнет и употребливата површина на екранот “се спушта” под линијата во којашто се сместени камерата и Face ID системот.

Иако Apple смета дека производителите на апликации колку што е можно побрзо би требало да ги прилагодат своите производи кон новиот екран на iPhone X уредот, и никако да не го укинуваат новиот начин на употреба, за оние коишто поседуваат iPhone X паметен телефон е сепак одобрено користрњето на апликацијата “Notch Remover” и тоа преку официјалната AppStore.


Изгледа дека разочараноста на некои Apple корисници поради новиот изглед на екранот е толку голема, што и тимот на Apple попуштил или едноставно сака да види дали и колку оваа апликација ќе биде воопшто популарна.

"Порталот TheVerge потсетува на тоа дека исечениот дел од екранот не претставува никаков проблем за употреба, но и напоменува дека еден долар, т.е. 99 центи, веројатно не претставува препрека за сопствениците на новиот iPhone X, бидејќи – ако имале доволно пари за еден ваков телефон, ќе имаат и за оваа апликација!"

А ние само се прашуваме, зошто некој би дал 1.000 евра, па дури и повеќе за Apple iPhone X, за потоа да не го употребува токму сето она што како погодност го нуди овој модел, и воопшто би се занимавал со вакви апликации?

Што мислите вие за сето ова?



Спонзорирани линкови

Маркетинг