Прв на пазарот: LG ќе претстави паметен телефон - дрон?

Точка

13/11/2017

16:20

1.368

Големина на фонт

а а а

Живееме во време кога технологијата се развива со огромна брзина, па после најразлични паметни уреди и геџети, нема да биде чудно ако се појави и телефон - дрон.

Како што пренесува "Phone World", компанијата "LG" се подготвува за лансирање на пазарот на најновиот модел "U+" кој што во суштина ќе биде телефон - дрон.

Новата технологија ќе ви овозможи фотографирање и снимање на видеа од воздух, видео-повици без да го држите телефонот во рака и слично. Наводно телефонот ќе има можност да ротира 360 степени околу вас, што значи дека ќе биде иделен за снимање на адреналински спортови и слични авантури.

Како што пренесува споменатиот медиум, новиот телефон на "LG" би можел самиот да „одлета“ на полнење додека спиете и ќе има уште многу други можности. Сепак, засега не е познато кога би можел еден ваков концепт на телефон да заживее и да се појави на пазарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг