Јелена Докиќ: Наскоро ќе дознаете како ме малтретираше мојот татко низ целата кариера

Дерби

13/11/2017

10:18

316

Големина на фонт

а а а

Јелена Докиќ, австралиската тенисерска со српско потекло конечно се отвори за медиумите за нејзиниот однос со татко и.

Таа за австралиските медиуми изјавила дека физички ја злоставувал и дополни дека многу скоро јавност ќе ги дознае сите детали околу односот со нејзиниот татко преку објавувањето на автобиографијата. Татко и беше познат во јавноста со што правеше сериозни проблеми со неговото однесување.

– Замислете ме малтретираше, ме маваше со колан, фрлаше кон мене со се што ќе му дојде до рака, за косата ме кубеше, продолжуваше и психички да ме малтретира. Целото малтретирање зависеше од тоа дали е расположен или не е. Мојот татко, го правеше тоа кога имав само 11 години, – со солзи во очите се отвори Докиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг