Викторија Бекам и Reebok ги здружуваат силите за да ги поттикнат жените да бидат најдобрата верзија од себе

Точка

09/11/2017

19:35

2.095

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам повторно изненадува. После промовирањето на новата козметичка линија, сега е време за патики. За спортскиот бренд Reebok до сега дизајнирале многу ѕвезди како Џиџи Хадид и Аријана Гранде. Викторија Бекам ќе биде следното име кое ќе биде испишано на новата линија на патики која ќе биде достапна во 2018 година.

Викторија ја сподели веста на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм. Таа рекла дека е возбудена за патиките кои ќе ги дизајнира, а новата линија патики ќе го носи името Reebok x Victoria Beckham. Таа посебно се радува на оваа соработка бидејќи, како што кажува Викторија, овој бренд има ист став како неа, односно ги поттикнува жените да бидат најдобрата верзија од себе.

Од Reebok велат: "Ова е ново партнерство и нашиот фокус е кон рушењето на границите и зајакнувањето на жената". Целата е да се создадат патики во кои жените ќе се чувствуваат удобно. 

Викторија исто така објави мал дел од рекламната кампања на својот Инстаграм, а најавила дека нови детали ќе следуваат наскоро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг