Науката докажува зошто парите треба да се трошат на патувања

Точка

20/10/2017

17:16

10.746

Големина на фонт

а а а

Истражување спроведено на Универзитетот Корнел во Њујорк покажало дека клучот за среќа се крие во искуствата, а не во материјалните нешта. Оваа студија била спроведена од психологот д-р Томас Гилович.

"Купуваме работи за да бидеме среќни и тоа ни успева, но само на кратко. Новите работи ни се интересни на почетокот, но брзо се навикнуваме на нив. Од друга страна, среќата која ја чувствуваме кога за прв пат ќе испробаме нешто, со текот на времето се зголемува бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го градат нашиот идентитет", појаснува Гилович. 


Да ви стане појасно, тоа е кога маичката која долго време сте ја посакувале ќе ја облечете само два пати, а првиот одмор со вашите родители ќе го паметите засекогаш. Гилович советува дека парите кои ги штедите за нов телевизор, потрошете ги за некое патување или некое ново хоби.

"Навистина е во ред да сакате материјални работи. Можете да мислите дека се поврзани со вашиот идентитет, но тие можат да постојат и без вас. Од друга страна, вашите искуства се навистина дел од вас", заклучил научникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг