Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.
Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.
Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа...