Легализирани над 10.000 дивоизградени објекти во Прилеп

Нетпрес

13/10/2017

15:18

70

Големина на фонт

а а а

Нови 60 решенија за легализирање на дивоизградени објекти денеска беа доделени во Прилеп. Никола Кимоски од секторот за урбанизам истакна дека Прилеп е лидер во Македонија во однос на легализирани дивоградби, со над 10.000 додели вакви решенија.

- Продолжува процесот на легализација на дивоизградени објекти. Ова е еден од најубавите закони што било која Влада го има донесено во интерес на граѓаните. Со ова се исправа една голема неправда нанесена кон голем број наши сограѓани што десетици години чекаа за легализација на нивниот имот. Прилеп и понатаму останува лидер во легализација на дивоизградени објекти на ниво на Македонија.

Со легализацијата опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077 барања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг