Саздовски ниту потврдува ниту демантира дека излегува од коалицијата на Груевски?!

Макфакс

13/10/2017

14:54

330

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од редовите на ГРОМ, Чедомир Саздовски, ниту потвдува, ниту демантира дека ја напушта ГРОМ и Колацијата за подобра Македонија и станува независен пратеник.

Тој за Макфакс рече дека не сака да коментира шпекулации и рече најави дека подетално ќе информира од понеделник, односно по завршувањето на првиот круг од Локалните избори.

Информацијата за наводното излегување на Саздовски од колацијата со Груевски,е се уште неофицијална со оглед на фактот се уште нема известување од собраниските служби за евентуална промена во составот на пратеничките групи. Имено Чедомир Саздовски, се уште стои потпишан на официјалната страна на Собранието како пратеник од ГРОМ, заедно со Панчо Минов. Во моментот е и заменик-координатор на шестата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Инаку во политичкото портфолио на Саздовски стои дека до пред неколку години, беше член на СДСМ, но во 2013, пред локалните избори, кога изрази несогласување со ставот да не се учествува на локалните избори. Прво настапи со Социјал-демократската унија, а потоа му се придружи на Стевче Јакимовски во формирањето на ГРОМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг