Ердоган со порака до Американците: Вашиот амбасадор не знае „каде му е местото“

Точка

13/10/2017

14:25

1.528

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател тврди дека поради амбасадорот, САД го ризикува стратешкио однос со Турција, а од Белата куќа порачаа дека амбасадорот Џон Бас ја има нивната цела поддршка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Вашингтон дека ги жртвува односите со Анкара и за актуелниот дипломатски спор го обвини американскиот амбасадор во Турција за кој што вели дека „не знае каде му е местото“.

„Сакам да бидам сосема јасен - човекот кој што го предизвика ова е амбасадорот кој што се наоѓа тука. Недозволиво е САД да го жртвува односот со својот стратешки партнер поради амбасадорот кој што не знае каде му е местото“, изјави Ердоган за време на вчерашниот говор во Анкара.


Притоа, Ердоган реферираше на американскиот амбасадор Џон Бас кого го обвинува дека сам донел одлука за укинувањето на визите за турските граѓани.

„Кој срам е тоа што големата Америка е управувана од страна на амбасадорот во Анкара. Наместо тоа, тие требаа да речат - Не можете така да се однесувате со нашиот стратешки партнер. Но, очигледно е дека не рекле така“, порача тој.


Од американскиот Стејт Департмент накратко коментираа дека амбасадорот Бас ја има „целата поддршка“ на Вашингтон и нагласија дека неговите потези се во координација со Белата куќа и Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави. Со оваа изјава всушност се демантира изјавата на Реџеп Таип Ердоган кој што очигледно врши манипулација кога вели дека „амбасадорот носи свои одлуки“.

Како и да е, сето ова произлегува од фактот што турските власти и натаму бараат испорачување на Фетулах Ѓулен кој што се наоѓа во САД, па затоа притисокот се зголемува. Инаку, Ѓулен е обвинет од турските власти за организација на воениот удар пред две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг