Две сили на нишан: Кина го губи трпението - Америка го запалила фитиљот, но конфликтот ќе ѝ експлодира во лице

Точка

13/10/2017

13:45

4.217

Големина на фонт

а а а

Кина пратила тешко вооружена фрегата, како и воен хеликоптер и два борбени авиони опремени со ракети во Јужнокинеското море, за да прати јасна порака до американскиот уништувач "USS Chief" да се сврти и да ги напушти водите кои официјален Пекинг ги смета за своја територија. Кина ги обвинила САД дека "друго го нарушиле нејзиниот суверенитет и ги загрозила безбедносните интереси во регионот".

Официјален Пекинг го осудил потегот на американската морнарица, која пратила уништувач вооружен со проектили на само 16 милји од спорните Парцелски острови во Јужнокинеското море. 

"Во сенка на повторените провокации на САД, кинеската војска уште посилно ќе се подготви за судири, како на море, така и на копно и во воздух, со што јасно ќе покаже на сите дека нема што да бараат на нејзината територија. Ќе го браниме нашиот суверенитет и националните интереси", соопштило Кинеското министерство за одбрана во соопштението кое го пренело весникот South China Morning Post

Кинеската фрегата "Хуангшан" вооружена со проектили "O53A", два ловци "J-11B" и еден хеликоптер "Z-8" се пратени за да го натераат американскиот уништувач да ги напушти кинеските води, во што успеале. Се огласил и кинескиот Global Times, кој порачал дека "Америка го запалила фитиљот, но дека конфликтот ќе и експлодира во лице". 


Инцидентот кој се случил во вторникот би можел повторно да ги потресе и онака кревките односи на Вашингтон и Пекинг, кога станува збор за Јужнокинеското море. Кинеското министерство за одбрана нагласило дека ваквите непромислени потези на Америка може да предизвикаат несакани инциденти. 

Се огласило и Министерството за надворешни работи на Кина, кое ги предупредило САД да престанат да повлекуваат такви потези. 

"Однесувањето на екипажот на американскиот уништувач го прекрши кинескиот закон, но и меѓународните закони. Загрозен беше животот на воениот персонал на двете страни", изјавил портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хуа Џунјинг. 

Американците соопштиле дека мисијата на нивниот уништувач била да ги преиспита морските предизвици во регионот, пренесува Reuters. Американските бродови веќе неколку пати вршеле вакви маневри и предизвикале бес кај Кинезите. Додека Вашингтон тврди дека постапува во склад со правилата за слободно пловење, Пекинг истакнува дека станува збор за кршење на територијалниот интегритет на Кина. 


САД: Ги штитиме воените интереси на нашите сојузници 

Американците неколку пати одговориле на предупредувањата на Кина со оправдание дека со своите маневри во Јужнокинеското море "ги штитат интересите на своите сојузниц". 

Имено, земјите како Филипини и Малезија ја обвинуваат Кина за изградба на вештачки острови во води кои, по нивното мислење, се водат како меѓународна територија. Според тврдењата на САД и сојузниците, Пекинг во тие води гради вештачки острови кои потоа ги милитаризира, правејќи на нив писти за полетување на борбени авиони, како и кули за набљудување и тврдини во вооружување. 

Своите барања Кина ги засновала на нејасно дефинираната линија на девет црти, најдена на кинеска мапа од 1940-тите години, додека Филипините и други нејзини соседи ги оспоруваат тие тврдења. 

Острите изјави, како од Пекинг така и од Вашингтон, покажуваат дека и едните и другите превласта во Јужнокинеското море ја сфаќаат многу сериозно. Причините за тоа се бројни, а првиот е географската положба на спорниот архипелаг, кој се наоѓа на главниот пловен пат преку кој се снабдува цела источна Азија. Тие води се богати со риба, а покрај тоа, се претпоставува дека на тоа подрачје има големи наоѓалишта на нафта и земјен гас. По овој пат годишно минуваат пет трилиони долари глобална трговија. 

Втората причина е од стратешка природа. Едноставно, слободниот пристап во Јужнокинеското море на американските уништувачи им овозможува на нишан да држат добар дел од Азија. 


Кина не реагира на критиките 

"Никогаш нема да престанеме со изградбата на архипелагот Спратли. Овие острови и припаѓаат на КИна, а нашите операции во тој појас се оправдани, законски и неопходни", му рекол пред неколку месеци командантот на кинеската морнарица Ву Шенг Ли на американскиот адмирал Џон Ричардсон, кој ги претставил ставовите на САД и нивните сојузници, кои се спротивни на кинеските. 

Ву го предупредил Ричардсон дека Кина, без разлика на тоа која држава, институција или поединец врши притисок, ќе продолжи со своите планови. 

"Обид за закана и притосок со некои воени солуции само ќе предизвика контра-ефект", јасен бил Ву. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг