Ќе има ли и Балтичка криза? Американски трупи пристигнуваат на руската граница

Точка

13/10/2017

12:51

970

Големина на фонт

а а а

Пентагон има намера во ноември да започне со префрлање на 76 хеликоптери "Black Hawk", "Apache" и "Chinook" во Летонија, покажуваат документите на американската морнарица.

Во документите се наведува дека американската воена техника преку морски пат ќе биде испорачана од Тексас во Рига. 

"Командата на поморскиот превоз бара информации за цените и достапноста на товарните бродови, под американско или странско знаме, за превоз на околу 18.400 квадратни метри воен товар", се наведува во барањето кое го објавила американската морнарица.

На списокот на техники кои морнарицата планира да ги префрли во Летонија се наоѓаат 76 хеликоптери, меѓу кои има разни модификации на повеќенаменскиот хеликоптер "Black Hawk", опремен со усовршени мотори со дигитален систем за управување и 12 возила модифицирани за медицински потреби. Покрај тоа, на списокот има 24 хеликоптери "Apache", како и 12 тешки воено-транспортни хеликоптери "Boeing Chinook".

Во документите се наведува дека хеликоптерите се во служба на десетата бригада на американското воздухопловство. На Фејсбук странат на таа група на 11. октомври биле објавени фотографии од подготовката за префрлање во Европа.



Спонозорирани линкови

Маркетинг