Џиновските нозе на Подолски ги фрапираа фудбалските фанови

Дерби

13/10/2017

12:49

1.168

Големина на фонт

а а а

Лукас Подолски изминатово лето одлучи да го следи прримерот на многу играчи од Европа и да се пресели во Азија, а без разлика на тоа што неговиоте изданија во јапонската Суперлига како член на Висел Кобе се многу подалечни за европската спортска јавност, Германецот со една фотосесија успеа да го привлече вниманието на највлијателните медиуми.

Подолски имаше навистина незаборавна етапа на стариот континент играјќи за големи екипи како Баерн Минхен, Арсенал, Интер и Галатасарај, но она со што сега воодушеви и воедно ги фрапираше фудбалските фанови на социјалните мрежи е начинот на кој ги одржува своите нозе.

Џиновскиот и гигантски изглед на неговите мускули едноставно изгледаат нестварно, а на социјалните мрежи веќе стана хит хаштагот кој алудира на тоа дека по крајот на играчката кариера, во чест на Подолски ќе се одржува „ден на нозете“…



Спонозорирани линкови

Маркетинг