Димитров повторно го намачи Надал, но недоволно за да го победи

Дерби

13/10/2017

12:25

249

Големина на фонт

а а а

Григор Димитров покажа навистина високо ниво на тенис на уште една пресметка со Рафаел Надал, но сепак падот во концентрацијата во клучните моменти од мечот е нешто што ќе мора да го поправи Бугаринот доколку сака некогаш да размислува за највисоко на тенискиот врв.

Димитров играше одлично цели 28 гејма (4:6, 7:6), беше во егал ситуација во третиот сет кога сервираше за 3:3, но кога имаше гејм топка за израмнување, доживеа блокадата како многупати досега и со три подарени поени му дозволи на Шпанецот да направи клучен исчекор кон победата. Нешто слично се случи и во Пекинг минатата недела кога Надал буквално се прошета во одлучувачкиот сет со Бугаринот, па секако станува јасно дека на Григор главен проблем му е менталната подготвеност кога се крши резултатот. Низ годините имаме добиено безброј потврди дека таков не е случајот со Надал, кој пак со новото брилијантно издание се пласираше во полуфиналето во Шангај каде ќе игра против Марин Чилиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг