Топлес снимањето завршило со незгода: Убавата манекенка изгубила рамнотежа додека позирала гола на карпа, па завршила во морето

Точка

13/10/2017

12:00

6.818

Големина на фонт

а а а

Убавата Кејт Аптон направила топлес снимање за познатото списание "Sports Illustrated" на Аруба. Убавицата ги сокрила своите гради со рацете додека позирала на карпите на прекрасната плажа, но силните бранови и ветерот го направиле снимањето уште поинтересно.

Имено, манекенката доживеала мала незгода. Додека позирала така само по гаќички со боја на кожа, се лизнала на карпата и изгубила рамнотежа. Иако на низата фотографии делува како да можело сериозно да се повреди, на крајот и самата добро се изнасмеала. 

Покрај топлес снимките, за снимањето одбрале и секси црн костим за капење чиј дизајн потсетува на пајажина. 

Аптон ги красела насловните страни на Sports Illustrated во 2011., 2012., 2013., и 2017. година. Иако првенствено се занимава со манекенство, глумела во филмот "The Other Woman", заедно со Камерон Дијаз, Лесли Ман и Николај Костер Валдуа.

Кејт е во врска со Џастин Варландер веќе три години, а се свршиле минатата година. Неодамна за Entertainment Tonight рекла дека планирањето на венчавката е много стресно: "Целата работа е многу стресна. Секогаш мислите дека венчавката ќе биде една од оние магични работи во животот кои ќе ги споделите со најблиските. Но, тогаш сфаќате дека мора да ја одберете секоја ситница и дека мора се да испланирате. Тоа е напорниот дел..."




Спонзорирани линкови

Маркетинг