Јавните личности се бестрашни од протекување на какви било содржини од нивните смартфони - сè до денес!

Точка

13/10/2017

13:27

2.872

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лоренс, Мајли Сајрус, Ема Вотсон, Кетрин Мекпи се само едни од јавните личности што го преживеале ужасот по „протекувањето“ на нивните приватни, интимни фотографии во јавноста, упад во приватноста што вознемирува и навредува.

Опасностите на интернет постојано демнат со секоја нова веб страница што ја отвораме, кога сме на социјалните мрежи, но и кога имаме отворена Bluetooth конекција или сурфаме преку небезбедна мобилна мрежа. Процесот на ширење на вирусите најчесто се одвива преку социјалните медиуми, форумите, страниците за преземање на апликации, купувањето онлајн, регулирањето на паричните трансакции и милиони други активности преку смартфоните. Само во третиот квартал од 2016 година се пресретнати 18 милиони малициозни пораки, а нападите, според Kaspersky, се зголемуваат од еднаш на секои 2 минути до еднаш на секои 40 секунди.

Овие бројки се навистина застрашувачки. Но, следејќи ги технолошките трендови, Македонски Телеком прв воведе интегрирана услуга што го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Отсега, можете да сурфате на најсигурната мрежа во Македонија! Telekom SafeNet услугата автоматски ги проверува веб страниците што ги посетувате додека сте поврзани на мобилен интернет и ги блокира потенцијалните закани. Единственото безбедносно решение на пазарот нуди заштита од злонамерен софтвер, вируси, крадење на лични податоци (фишинг) или хакирање. Telekom SafeNet е едноставна услуга и се активира со само еден „клик“ на интернет прелистувачот, односно страница што нуди активирање на услугата. Услугата Telekom SafeNet на Македонски Телеком функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем и не бара инсталирање на нов или ажурирање на постоечки софтвер или апликација на вашиот смартфон, таблет или лаптоп.


Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 Business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до крајот на година. Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели, по што ќе може да ја активираат по цена од само 29 денари месечно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг